Одложено е судењето на нарко-босот Дарко Шариќ - еве зошто

Одложено е судењето на Дарко Шариќ, наредното судење ќе биде на 14 и 15 мај со пшочеток во 14:30 часот како би имал доволно време да се запознае со предметот и да припреми одбрана.

Денеска Шариќ изјави дека не е крив ни по една точка од обвиненијата. По десетминутната пауза судијата го продолжи судењето и го повика Шариќ да ги изнесе податоците за себе и во таа прилика тој рекол дека државата повеќе не го издржува, но сега му хоси храна во затвор. И додаде дека тој сега е бигамист  и бидејќи е разведен од поранешната сопруга живее во вонбрачна заедница со својата невенчана сопруга. 

Адвокатато на дарко шариќ побара од судијата да го одложи рочиштето бидејќи на неговит клиент му е потребно време за да се запознае со обвинението. Од друга страна тужениот побара да се продолжи судењето.

Судијата го прашала Шариќ дали е подоготвен да го следи судењето, тој одговорил:

- Морам да кажам дека не го разбрав баш најдобро обвинението, бидејќи е непрецизно, мојот брат во Црна Гора му се суди за 22 милиони евра а мене исто во Србија за 22 милиони евра. Се согласувам со мкојот адвокат ако е тоа возмжно да ми се одложи судењето за да се запознаам со предметот, изјавил Дарко.

Пред почетокот на судењето нарко босот Дарко Шариќ во судницата влезе видно расположен и дотеран , мафтал на фоторепортерите на кои им било дозовлено да го сликаат. 

01.04.2014 - 15:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега