Просечната нето плата во февруари 20.941 денари
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во Македонија во февруари годинава изнесува 20.941 денар и бележи зголемување од 0,1 отсто во однос на февруари минатата година. Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, највисока просечна нето исплатена плата по работник во февруари е 49.041 денар во областа на финансиите и осигурувањето.
Забележаното зголемување од 0,1 отсто е резултат на повисоките плати по вработен во ссекторите рударство и вадење камен за 16,5 отсто, градежништвото за 8,7 отсто и административни и помошни услужни дејности за 4 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство за 6,5 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,5 отсто и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,7 отсто.
Во февруари 2014 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2014 изнесува 30.662 денари, покажуваат податоците на Статистика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа