Владата денеска враќа 6,95 милијарди денари во стопанството
Министерството за финансии денеска враќа 6,95 милијарди денари во стопанството по основ доспеани државни хартии од вредност.
Вчера на аукција беа запишани 6,26 милијарди денари, што значи дека денеска се враќаат 684 милиони денари (11,1 милиони евра) повеќе отколку што вчера беа повлечени. Ова се свежи средства кои Владата ги става на располагање за да се подобри ликвидноста на стопанството, односно средства кои банките може да ги пласираат како кредити на фирмите.
-Владата и Министерството остануваат посветени на зголемување на ликвидноста на домашниот пазар на капитал за бизнисот. Потсетуваме дека е предвидено Владата да обезбеди нови 100 милиони евра кредити по субвенционирана камата за малите и средни фирми од Европската инвестициска банка, како и нови 10 милиони евра кредити со докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот. Со тоа на фирмите им се ставени на располагање скоро половина милијарда евра, стои во соопштението од Министерството за финансии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа