Кумановец ќе одговара кривично: Полицијата му фатила 2 семки од марихуана
Кумановец ќе одговара кривично за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ откако полицијата при претрес му пронашла две семки од марихуана.
„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ц.(24) поради сомнение дека сторил „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27 март годинава при претрес кај пријавениот на улицата „Октомвриска револуција“ пронајдени се две семки од растението „канабис сатива“.“ - стои во билтенот на МВР
30.05.2014 - 12:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа