Ким Кардашиан го прекина медеинот месец и се врати во САД без веначниот прстен
Риалити ѕвездата Ким Кардашиан и раперот Кенје Вест очигледно дека многу им е убаво во Европа. Се венчаа во Фиренца во Италија, медениот месец го поминаа во Ирска, а сега се во Прага каде присуствуваа на уште едно венчавање.
Медениот месец одлучиле да го поминат на многу невообичаен начин: видени се како уживаат во природа, се возат со велосипеди и уживаат во ирско пиво во локалниот паб и одат во кино. Можеби само на кусо им здодеал гламурот и луксузот, па сакале накусо да уживаат во „обичните“ работи, но можеби проблемот е во нешто друго.
Медиуимите претпоставуваат дека сепак настапиле одредени проблеми затоа што старлетата во неделата е видена во Њујорк - сама. Кенје би требало в четврток да биде во Остин, Тексас па дојде до нагаѓања зошто двојката од сега е разделена, пишува „Холивуд Лајф“.
- Ким беше разочарана од идејата дел од медениот месец да го помине во дождливата Ирска. Таа посакуваше некоја гламурозна дестинација која би се совпаднала со нивното италијанско венчавање. Пет дена во Ирска и беа тешки да ги издржи, па го молела сопругот да го скратат претстојот и да го прескокнат планираниот еднодневен излет во Даблин, рече изворот.
Американските таблоиди пишуваат дека со оглед на тоа дека Ким се вратила сама во Лос Анџелес и тоа без венчалниот престен на раката, некои се прашуваат дали веќе почнаа проблемите во рајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа