Кајмакоски со реакција по написите дека збеснал

 

До големиот концерт на ѕвездите на Х-фактор остануваат уште неколку дена. Победникот на шоуто, Македонецот Даниел Кајмаковски е сигурен дека концертот во „Борис Трајковски“ ќе им биде најдобриот и најгласниот концерт до сега, а тој ќе ја има најголемата одговорност затоа што е домаќин.

 Во меѓувреме, Даниел работи на своите песни и на својот прв албум, кој по договор со продукцијата треба да го издаде за Сони мјузк продкшан. Тој вели дека е задоволен од соработката со МБK продукција, додавајќи дека апсолутно се невистинити тврдењата дека постои било какво недоразбирање со продукцијата.

-Не знам како да ви одговорам на ова прашање, наградат ја добив, парите ќе ги добијам пред концертот задоволен сум од МБК продукција, имам договор за снимање на песни, албум, спот. Сите финалисти се задоволни. Мислам дека имаме доволно причини да бидеме среќни и радосни. А една од нив е токму овој концерт, вели Даниел.

Организаторот веќе го подготви сценариото за во сабота. Финалистите ќе пеат во четири блока со различна тематика, а она што е познато е дека токму Даниел ке го отвори концертот.

Влезниците се достапни во продажната мрежа на МК тикетс(Југотон,продажни салони на Оне), по цена од 350 денари партер и 400 трибина.

04.06.2014 - 10:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега