Вергера нема самоконтрола- животот со неа е хорор
Колумбиската актерка Софија Вергара неодамна ја раскина веридбата со својот долгогодишен партнер Ник Лоеб, а сега неговите пријатели откриваат дека животот со неа е вистински хорор.
Од кога тие се разделија, пријателите на Ник постојано откриваат по некој од лошите квалитети на убавата актерка. Па така тие велат дека можеби е добро што врската заврши на овој начин затоа што животот со Вергара е вистински хорор.
„Мажот кој планира да остане со неа до крајот на животот мора да имаат силни нерви. Софија е арогантна и наметлива, а животот со неа може слободно да се спореди со хорор”, тврдат пријателите на Ник.
Исто така, неговите пријатели велат дека актерката нема контрола над себе и дека во една кавга му го фрлила мобилниот телефон низ прозорецот од автомобилот.
Ник сепак не успеал да се справи со темпераментот на Софија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа