Тежок е животот на спонзорушите: Добила шлаканица среде полно диско од својот женет дечко
Пејачката Сандра Валтеровиќ имала непријатно искуство, веројатно од невнимаие и заборавност. Според Наше новине, таа има дечко кој, патрем бил и женет. Во еден ноќен клуб во Белград Сандра Валтеровиќ, која во музичкиот свет е позната и како Секси Сандра, пришла кон масата каде што седел нејзиниот дечко со неговата сопруга по што добила шамар тука, пред сите. Шамарот бил прилично силен, поради што пејачката паднала на земја но, веднаш станала и го напуштила клубот. За весникот го потврдила настанот и дала изјава - мој совет до девојките е да го натераат дечкото да ги почитува онолку колку што тие самите се почитуваат себеси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа