Утре можете да се дружите со ѕвездите од Х-Фактор - еве каде ќе ве чекаат
Капитол мол утре организира спектакуларно дружење на фановите со популарните ѕвезди на првото регионално издание на светски етаблираното музичко шоу - X ФАКТОР. Дружењето стартува во 16 часот.
Финалистите на Х-ФАКТОР се во Скопје по повод нивниот прв заеднички концерт оваа сабота, апрвата дестинација од нивната турнеја е токму Капитол мол, место на кое многубројните фанови ќе имаат можност неколку часови да се дружат и да се фотографираат со ѕвездите на X-FACTOR – солисти и групи.
Еуфоричната популарност кај фановите секојдневно расте, а одличните настапи за многу кратко време ги направија идоли на публиката изведувачитеДаниел Кајмаковски, Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ, Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото H2O на Фифи и Маринела, како и бендовите „Доктори“ и „4U“.
На неформалното дружење во Капитол мол со фановите во опуштена и забавна атмосфера со нивните омилени ѕвезди, во која ќе има и многу други пријатни изненадувања, ќе и претходи прес-конференција, со почеток од 12,00 часот.
Регионалното издание на X-ФАКТОР годинава се одржа со исклучителен успех и, очекувано, привлече огромно внимание од публиката и медиумите насекаде во регионот. Меѓутоа, особено во Македонија, кое беше крунисано со победата на македонскиот претставник, Даниел Кајмакоски.
Македонската публика ќе има можност да му даде безрезервна поддршка, на сензационалниот концерт, кој ќе се одржи во сабота, во арената Борис Трајковски, со почеток во 21 часот. На тој начин ќе покажеме дека неговата успешна кариера почнува токму во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа