Гулевски не стаса да се искапе во базенот - Битола завиена во црно

Трагичната смрт на моторциклистот Тони Гулевски ја зави Македонија во црно. Според она што го изјавуваат неговите најблиски, Гулевски вчера го пуштил базенот кој го градеше во селото Братиндол каде изгради вила и каде се одржуваат мототрките, па заминал во селото Сливница, каде требало да се сретне со пријател од Австралија.

Како што јавува Нова Македонија, Тони се јавил дома кај неговиот татко, Стојко, инаку познат бербер  во  Битола, кој неодамна се врати од Австралија, и му рекол дека за половина час ќе биде дома. За жал, на патот кон дома, мотоциклистот загубил контрола и кај селото Ѓавато удрил во Мерцедес, со кој управува 45-годишниот Б.Б. За жал, починал на местото на несреќата.

Тони Гулевски беше голем љубител на мотоспортот, а неговиот син, Никола, е трикратен првак на Македонија во класата на мотори „МХ 1”и носител на златната кацига.

11.06.2014 - 15:34
Фото: 
нова македонија
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега