Нема повеќе да мамат и да крадат - скопјани завршија во затвор

Четворица скопјани завршија зад решетки. Во првиот случај, според податоците од полицијата, се работи за 21-годишниот Иларион С. од Скопје кој ќе си одлежи една година и шест месеци, за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Исто така, полицијата го приведе и 37-годишниот Слободан Т. кој се барал за издржување затворска казна во траење од четири месеци, за загрозување на безбедноста на сообраќајот, како и 54-годишниот Трпе Ѓ. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од три години, за тешка кражба. 

Постапувајќи по судска наредба, на Граничниот премин Табановце, за излез од Република Македонија  бил лишен од слобода и 32-годишниот Ферки Д. од Делчево, кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година, за измама. 

23.06.2014 - 11:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега