Нови Сад: Студент излегува од затвор - Драган пред 16 години ги исекол родителите на парчиња и ги фрлил во ѓубре

 

Драган Јанковиќ од Нови Сад пред 16 години ја вознемири цела Србија со неговото грозоморно злодело, кога ги уби неговата мајка Марија и таткото Душан, а потоа со секира ги исекол на парчиња, ги спакувал во ќеси и ги фрлил во контејнери.

Во март 2006 година ја изненади Србија, а жителите на зградата во која живеел сѐ уште го паметат хоророт, па загрижени се за тоа дали по многу години студентот убиец ќе се врати во неговиот дом.

Јанковиќ бил осуден на 30-годишна затворска казна, но истата била намалена по жалбата на адвокатите испратена до Судот во Нови Сад. Исто така, му било одредено и психијатарско лекување и чување во специјална здравствена болница, каде што било откриено дека има шизофренија.

„До отслужување на казната му останаа само четири години. Не заборавив што направи, како би можел. Се вознемирувам само кога ќе се сетам на тој хорор. Се надевам дека нема да се врати тука. Мислам дека е осуден на мала казна и не можам да седам мирен“, открива еден од неговите соседи.

Драган на 2 март 2006 година во полиција пријавил дека му исчезнале родителите, а во исто време комуналните работници откриле човечка нога додека празнеле еден од контејнерите.

„Момчето го исчекло татко му на девет делови, а потоа го спакувал во повеќе црни ќеси за ѓубре и го фрлил на повеќе локации“, откриваат од полицијата.

Јанковиќ за време на судењето кажа дека неговите родители го малтретирале уште од детството и дека неговиот живот бил пекол.

„Чувствував дека татко ми ме мрази, поради што бев бесен на него. Им се лутам на родителите затоа што не ми дозволија да се запишам на Факултет во Белград“, кажа осудениот.

07.03.2022 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега