„Од наши средства се двои за плати на функционерите“, судските работници изразија револт денеска на протест
Големо незадоволство повторно кај независниот синдикат на државната администрација заедно со синдикатот на судска служба кои денеска заедно одржуваат протест за покачување на нивните плати, односно ветени додатоци на плати кои се уште ги немаат. Горан Ристевски од независниот синдикат администрација вели дека револтот кај вработените е голем особено по одлуката на Уставниот суд со која платите на избраните и именуваните лица се зголемени за 78 проценти, а судските работници повеќе месеци не добиле додатоци од 35 отсто на платата.
„Незадоволство не е само во судството туку и кај вработените во царина, затворскиот систем и тн. Ќе направиме протести и за другите служби, овој период комуницираме со претседателот на судски совет каде му ги кажавме потребите за брзо регулирање на додатоците на плата, но немаме слух таму и повторно организираме протест. Нашите барања се адекватно зголемување на плата, иако имаме покачување кај дел од вработените во Министерството за финиансии од 30 отсто“, вели тој.
Јасмина Величкова претседател на независниот синдикат на судската служба вели дека во моментов протестираат од сите судови како тука во Скопје така и низ цела Македонија.
„Се нема слух за нашите барања, нема ни 25 проценти додаток на нашите плати, ни ветија дека ќе има додатоци, но само за нив си ги зголемија платите. Нас ни зголемија само 5 проценти и тоа е понижувачки. 25 проценти за вработените во Судски совет, за нас само 5, ние сме на маргините, се работат и по две смени за да се прехранат семејствата, ваков судски совет не знам дали и треба да постои. Од наши средства се двои за плати на функционерите“, додаде Величкова.
Целта на судските работници е да добијат, како што велат, европски плати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа