Охрид се расчистува по невремето, пријавени десетици штети

 

 

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека како последица од невремето на територијата на град Охрид и Општина Дебарца се пријавени повеќе штети и поплавувања на станбени, деловни објекти, подрумски простории, штета на кровни конструкции, соларни панели како и земјоделски насади.

Екипите со вработени од јавните претпијатија се постојано на терен со цела механизација со која се располага. Колекторот е ставен во функција, а се чистат и сливниците каде што што има проблем со фекална и атмосферска канализација. Во моментот нема врнежи од дожд и град, водата од улиците е повлечена и до крајот на денот целиот град се очекува да биде исчистен.

 
24.06.2023 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега