Општина Аеродром изрече санкција за приватна компанија, која одложувала отпад на локација што не е определена за таа намена

 

 

Утрово, комуналните инспектори на Општина Аеродром изрекоа прекршочна казна за правно лице, приватна компанија, која спротивно на законите и без дозвола од Општината, одложувала отпад на локација што не е определена за таа намена. Санкцијата е изречена во согласност со член 14 од Законот за јавната чистота.

„Општинскиот инспекторат ја изрече казната кога инспекторите утврдиле прекршување на законот по претходна дојава од граѓани. Станува збор за локација што се наоѓа во населбата Ново Лисиче и на која претходно комуналните служби на Општина Аеродром во неколку наврати, користејќи ги сопствените капацитети, спроведоа акција за чистење на истата локација“, велат од Општината.

Од таму апелираат до граѓаните и правните лица да ги почитуваат законските прописи кога станува збор за соодветно депонирање и одложување на отпадот.

„Во таа насока ја информираме јавноста дека во следниот период општинските инспектори преку засилени контроли на терен ќе изрекуваат санкции за сите оние што ја загадуваат животната средина и постапуваат спротивно на законот. Здравјето на граѓаните и чистата животна средина се единствениот приоритет на Општина Аеродром“, додаваат од Општината.

19.07.2023 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега