Општина Чаир додели 600.000 денари за погодените од катастрофалниот земјотрес во Турција

 

Општина Чаир денеска додели 600.000 денари парична помош за погодените од катастрофалниот земјотрес во Турција. Оваа помош, предложена од градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, а одобрена едногласно од советниците на Советот на општина Чаир на вонредна седница, ќе биде префрлена на директната сметка на турската држава отворена специјално за земјотресот.

Ганиу рече дека она што се случи во Турција длабоко нè трогна сите нас и дека веќе 8 дена сите ја доживуваме истата болка како оние кои ги загубија своите најблиски, ги загубија своите мајки, татковци, сопруги, сопрузи, деца, сестри и браќа, роднини.

Тој во оваа прилика рече оти е целосно свесен дека нема пари со кои може да се отплати душевната болка од загубата на човечки животи, но во моментов секоја помош ќе биде добредојдена за оние кои се живи и да си го опорават животот, да ги реновираат нивните огништа, нивниот град.
Средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на општина Чаир, програма АО 412110, постоечките резерви, односно непредвидливи трошоци и ќе се префрлат на директната сметка на турската држава која е отворена специјално за земјотресот“, објасни градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
Од друга страна, тој потсети дека Општина Чаир, во координација со хуманитарните здруженија кои делуваат на нејзина територија, веќе заминале во турските региони погодени од земјотресот и помагаат со најпотребните работи во случаи на вакви непогоди. Ганиу уште еднаш им се заблагодари на вистинските херои од Чаир и кои директно учествуваа во спасувачката акција во Турција, односно на членовите на Здружението на пожарникари доброволци „Бајрам Мифтари“.
 
14.02.2023 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега