Општина во Скопје утре без струја
Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија од 08 до 18 часот ќе бидат дел од корисниците во општина Сарај.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, без струја ќе бидат корисниците во реонот на село Долна Матка, кај манастирот Св. Богородица и дел од Ловиштето – Јасен, кај местото викано Ивање.
14.09.2022 - 18:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа