Османи: Разговорите меѓу Белград и Приштина се позитивен сигнал за деескалација на состојбите

 

Се радувам што Белград и Приштина прифатија да се состанат во Брисел и овој разговор ќе биде воглавно во правец на деескалирање на состојбите, а не за долгорочно решение, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи. 

- Навистина сме вознемирени во врска со ситуацијата на теренот, за потенцијалот за посериозна ескалација. И со човечки последици на локално ниво, но и за целиот регион. Не случајно и мојот повик како претседавач на ОБСЕ, но и како први соседи на Република Косово и Република Србија е да продолжат таму каде што прекинаа во Охрид и да изнајдат долгорочно решение, бидејќи имаме историска можност за регионот, истакна Османи.

Тој потенцира дека е фокусиран на тоа што ќе се случи на преговорите меѓу двете страни во Брисел, не поради тоа што опозицијата смета дека мисли и повеќе се грижи за Косово, отколку за нашата држава, туку поради тоа што информациите што ги има се многу загрижувачки и алармантни за можноста за ескалација, чие последици ќе може да ги почувствуваме и тука. 

- Затоа е многу позитивен сигналот, лидерите на нашите две соседни држави се во Брисел и многу сум оптимист дека ќе бидат свесни за ситуацијата и ќе најдат решение, истакна Османи.

22.06.2023 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега