Овошја и зеленчуци содржат штетни материи — некои нивни делови не смеете да ги јадете
Сите знаеме колку е здраво да јадеме зеленчук и овошје затоа што изобилуваат со витамини, минерали и хранливи материи. Но, постојат некои од нив во чии делови ''се кријат'' штетни и опасни материи.
Никулци на компирите
Компирот потекнува од семејството Solanaceae исто како и некои отровни растенија. Токму тоа е причината поради која што некои делови од компирот не треба да ги јадете.
Имено, никулците кои што се појавуваат на одредени делови од компирот содржат токсични материи - соланин. Затоа треба да бидете внимателни и задолжително да ги отстраните тие делови од компирот пред истиот да го подготвите за јадење.
Исто така соланин има и во зелениот компир, па избегнувајте да јадете плодови кои што под кората имаат зеленкаста нијанса боја.
Листови од домат
Европејците во текот на минатото не консумирале домат, а тој зеленчук почнале да го користат во текот на 18-ти век.
Една од причините е тоа што листот на доматот содржи токсични материи како соланин и томатин. Овие опасни материи можат да предизвикаат желудочни тегоби.
Семките од јаболкото
Јаболкото спаѓа меѓу најдрагите овошја кои што изобилуваат со витамини и минерали, но во себе содржат и еден отровен дел - семките кои што се составен дел од јаболкото содржат амигдалин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа