Павле Трајанов: Опозицијата мора да преземе одговорност за евроинтеграциите
Без разлика дали на францускиот предлог ќе му се каже, да или не, таа одлука мора да дојде по широка дебата и со консзензус, смета лисерот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов, еден од владините коалициони партнери кои се уште се проиват на решението понудено од рфанција. Во интервју за Прес 24, Трајанов повикува на општ консензус по ова прашање.
-Клучно е опозицијата да преземе дел од одговорниста за евроинтеграциските процеси. Затоа инсистирам на консензус околу Францускиот предлог без разлика дали одговорот ќе биде „No mersi“ или „Yes“, вели Павле Трајанов во интервјуто за Прес24.
Тој смета дека Протоколот се уште се доработува и највероватно ќе претрпи промени, тоа значи целокуониот пакет е драфт верзија и може да се испеглат некои работи.
-Не верyвам дека е земи или остави, или пак после ова, ако не се прифати ќе имаме" потоп".Многу сиптоматично е што од Бугарија доаѓат изјави дека ништо не е променето, вели Трајанов во интервјуто.
За него Рамката и Протоколот се асиметрични и нема заштитни механузми за спречување на следни блокади, читање на решенијата по слободна проценка и потреби.
-Пакеттот на документи не дава гаранции за започнување на процесот на отварање на поглавјата без натамошни условувања, уставни промени, едострани изјави за македонскиот јазик (Според Бугарија,дека тој е бугарски дијалект), менување на историски настани...., оценува Палве Трајанов.
ПРЕС24: Францускиот предлог веројатно е последната опција што може да направи пат за почеток на македонските евроинтеграции во овој момент. Политичките констелации пред се во Софија, не укажуваат на можност за брзо време да се овозможи стабилна политичка структура со која би се преговарало за нов модел. Дали е ова опција за Македонија „Земи или остави“?
ТРАЈАНОВ: Новата корегирана верзија на Францускиот предлог (Преговарачка рамка),нема суштински промени, но направен е дополнителен напор на неодамна одржаниот Совет на ЕУ, да се корегират одредени работи, или изостават билатрералните прашања наметнати од Бугарија,но не како драматични промени. Протоколот се уште се доработува и највероватно ќе претрпи промени, тоа значи целокуониот пакет е драфт верзија и може да се испеглат некои работи. Не верyвам дека е земи или остави, или пак, после ова ако не се прифати ќе имаме" потоп".
Многу сиптоматично е што од Бугарија доаѓат изјави дека ништо не е променето.
ПРЕС24: Претпоставката е дека доколку Македонија го одбие овој предлог, Албанија ќе го продолжи својот пат кон Брисел, а Македонија ќе остане заглавена на подолг рок. Дополнително, што од досегашна жртва на Бугарија, ќе се претвори во неконструктивен играч. Праашањето е може ли Македонија тој притисок, пред се внатрешен да го издржи и до кога?
ТРАЈАНОВ: Мора да се овозможи широка дебата, која треба да заврши во Парламентот. Затоа е неоходно целокупниот пакет да се објави на македонски јазик, да можат граѓанте да изградат свој став, а Владата и Парламентот да го послушат гласот на народот, експертите, невладиниит сектор и партиите.Потребно ни е единство, одговорно и мудро однесyвање, а одлуката во Парламентот што ќе се донесе да биде консензуална.
Само доколку е избалансирана Преговарачката рамка и причистена од непринципиелни и неприфатливи барања може да биде прифатлива. На пример,Советот заклучува дека треба во Уставот да се вградат и Бугарите, што не е спорно, но тоа да биде на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да ја обврзе Бугарија за имплементација на одлуките на судот во Стразбур, за признавање правата на Македонците во Бугарија.
ПРЕС24: Никој не очекува Брисел, меѓународната заедница дека е фер Унија, напротив искуствата покажуваат дека тоа е Сојуз на интереси, особено кога една од засегнатите страни е внатре во тој сојуз. Во таков случај што е помалото зло, да се оди напред, понекогаш и под потешки околности, или да се рече НЕ?
ТРАЈАНОВ: Сите барања на Бугарија на суптилен начин се вградени, меѓу другото и во Протоколот, кој е најконтраверзен и создава многу обврски за Македонија и можност Бугарија да се меша во внатрешните работи, посебно сврзани со идентитетски прашања, историја, образование, говор на омраза, отварање на досиеата и сл.
Неприфаќање на предлог Преговарачката рамка, не значи и блокада на процесот од наша страна туку тоа неосновано го прави Бугарија. Напорите се да се деблокира прицесот како наш стратешки и национален интерес.
ПРЕС24: Во контекстот на изборот НЕ, внатре во Македонија чинам нема политичка алтернатива. Затоа што, знаете ако реториката на сите релевантни политички партии е „нема алтернатива за ЕУ“, тогаш нелогичен е и патот „не по секоја цена“. Ако на тој пат не се оди со некаква платена цена, не е ли фер политичките партии да соопштат која е алтернативата за македонската иднина?
ТРАЈАНОВ: Процесот ќе продолжи, во услови на геостратешки раздвижување и војната во Украина, ние сме за полноправно членство во ЕУ. Нема алтернатива, но се треба да се одвива согласно европските принципи и стандарди, без условувсња, уцени у притисоци.
ПРЕС24: Реториката „Ние овде треба да направиме европска унија, да се европеизираме“, очигледно е политички гол популизам. Ако можевме сами, во 30 години ќе се европеизиравме, ние напротив за 30 години се латиноамериканизиравме во поглед на се она што е суштина на европски вредности, криминал, корупција, непотизам, политичка доктринација.
ТРАЈАНОВ: Многу реформи се направија, многу исто така,примена на знаме, Устав и името на државата. Имавме и референдум, со кој се изјаснивме ЗА Преспанскиот Договор, по што требаше да се отворат вратите за НАТО и ЕУ. Станавме членка на НАТО, на патот кон е ЕУ имаме блокада.
Имаме сериозни проблеми, висок степен на криминализација, некридибилен судски сустем,иселување на младите, низок живиоен стандард итн, но брзината на реформите зависат пред се и од сите нас. ЕУ е шанса сите овие состојби да ги менуване, но повеќе од јасно е дека овие процеси се успорени од Бугарија, која очигледно не е сама.
ПРЕС24: Вие го видовте, а и јавноста веќе го виде францускиот предлог. Владата вели има измени во него од првичната драфт верзија. Колкави се тие измени и дали се доволни, стана предмет на партиско-политички реплики. Но реално, дали тој предлог ги загрозива македонските национални интерси?
ТРАЈАНОВ: Веќе нагласив,нема суштински промени. Рамката и Протоколот се асиметрични и нема заштитни механузми за спречување на следни блокади, читање на решенијата по слободна проценка и потреби.
Пакеттот на дакументи не дава гаранции за започнување на процесот на отварање на поглавјата без натамошни условувања, уставни промени, едострани изјави за македонскиот јазик (Според Бугарија,дека тој е бугарски дијалект), менување на историски настани....
ПРЕС24: Чинам дека ние еднострано ја гледаме сликата во целиот тој процес. Легитимно е интересот да биде низ македонската призма на светоглед, но сепак како да забораваме на бугарската призма на светоглед. Каде и што беа бугарските позиции, каде и што сега се насочени?
ТРАЈАНОВ: Рамковната позиција на Бугарија во голем дел е вградена во документите, без обврски за Бугарија.Тие со триумфализам го прифатија Францускиот предлог и со твредење дека топката ја префрлиле на наша страна, што не е коректно.
Затоа велам дека треба трпение и градење на решенија и поддршка од влијателните члеки на ЕУ.
ПРЕС24: Реално гледано. Владата и не мора да го веснува предлогот во Собрание. Но Премиерот вели ќе оди на дебата. За потребите 61 глас неопходни се вашите и на дел други владини коалициони партнери. Но и тоа не мора да значи, ако албанската опозиција го поддржи. Но, во случај Вие да не го гласате, дали тоа по автоматизам ќе повлече и излегување од владината коалиција?
ТРАЈАНОВ: Мој став е Парламетот да отвори широка дебата и донесе заклучоци со широк консензус, вклучително и на ВМРО ДПМНЕ. Доколку се прифати овој предлог без промени, за истиот треба да се изјаснат и граѓаните на референдум.
ПРЕС24: Можна ли е нова политичка криза во Македонија на основа на овој предлог?
ТРАЈАНОВ: Со индигнација ги отфрлам најавите за можни меѓуетнички судири, времето на внатрешни конфликти е зад нас. Нашите сограѓани од другите етнички заеднуци се со нас и нема сомнеж дека во ова борба ќе бидеме заедно. Македонија ќе биде членка на ЕУ, се разбира колку побрзо толку подобро, да ги спречиме силите кои се против НАТО и ЕУ, а за тоа ни е потребна и подршка од САД, Германија, Франција и други, но најмногу од нашите соседи.
ПРЕС24: Клучното сепак што ќе треба да се случува во следните година и половина, или две, е како да се обезбедат 81 пратеник за уставните измени. Без опозицијата тоа речиси е неизводливо. Но, дали пред тоа е логично да се случат избори?
ТРАЈАНОВ: Клучно е опозицијата да преземе дел од одговорниста за евроинтеграциските процеси. Затоа инсистирам на консензус околу Францускиот предлог без разлика дали одговорот ќе биде „No mersi“ или „Yes“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа