Пекол на 10.000 метри: Забави на Карибите, летање од Барбадос, а потоа почнале чудни турбуленции – има повредени

Единаесет патници се повредени откако летот за Манчестер доживеа  турбуленции, кои агенцијата ги опиша како чудни, на пат од Барбадос.

По крстарењето по Карибите организирано од туристичката агенција P&O, околу 225 луѓе се качија на летот на Малет Ер во неделата. Турбуленциите почнале два часа по полетувањето, па авионот бил пренасочен кон Бермудите, пишува Би-Би-Си.

Веднаш штом авионот слетал, лекарска помош добиле единаесет патници со полесни повреди.

Поради работното време на аеродромот и недостатокот на летови, патниците се сместени во хотелите на Бермуди за време на празничниот период, изјави портпаролката на P&O.

„Поради чудни и неочекувани турбуленции, летот за Манчестер во неделата наутро од Барбадос беше пренасочен кон Бермуди. Жал ни е за овие проблеми при патувањето, дење и ноќе комунициравме со авиокомпанијата и хотелите за да се грижиме за гостите и да се погрижиме што побрзо да се вратат дома“, заклучи портпаролката на агенцијата.

28.12.2023 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега