Пендаровски положи цвеќе на гробот на Трајковски: Ќе остане запаметен по неговата мирољубива и умерена политика, скромност и визионерство

 

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 19-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, денеска положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Претседателот Пендаровски положи венци со свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје .

Делегации на Кабинетот на Претседателот денеска положија свежо цвеќе и на спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

26.02.2023 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега