Пит (28) призна дека Ким Кардашијан (41) е негова девојка: Во собата има две свеќи од неа (ФОТО)
Во новото интервју за ТВ-емисијата на „Пипл“, Пит Дејвидсон не се срамеше да ги сподели своите чувства за неговата дама Ким Кардашијан, или „лејди лав“ како што пишуваат таблоидите.
28-годишната ѕвезда на Saturday Night Live првпат во јавност ја нарече 41-годишната Ким негова девојка.
„Кога излегувам надвор обично се дружам со моите пријатели, а кога сум дома се опуштам со мојата девојка. Така што не правам многу“, рече тој, со што официјално потврди дека е во врска со Кардашијан.
Камерите забележаа дека Пит во својата соба има две свеќи на Ким – нејзината свеќа Virgin Mary Kimoji (која се продава за 18 долари) – и втората со нејзиното лице исто така на неа (се продава за 22,49 долари).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа