Почина поранешниот шеф на Мосад кој го предупреди Израел дека се подготвува инвазија во 1973 година

 

Зви Замир, поранешниот директор на Мосад, чие предупредување дека Египет и Сирија планираат да го нападнат Израел во 1973 година, израелската влада го игнорираше, почина на 98-годишна возраст, јавува Ројтерс.

Смртта на Замир беше објавена од Мосад, која тој ја водел од 1968 до 1974 година. Поранешниот воен генерал Замир стоел и зад израелските убиства на палестинските команданти одговорни за масакрот на израелските спортисти на Олимписките игри во Минхен во 1972 година.

„Неговиот придонес за безбедноста на Израел ќе се памети долго време“, напиша израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на Икс.

Замир бил шеф на Мосад кога Сирија и Египет го нападнале Израел на 6 октомври 1973 година.

02.01.2024 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега