Порака од плоштадот Скендербег во Скопје за случувањата во Косово: Две глави има орелот, а една е во Митровица

 

 

Две глави има орелот, а една е во Митровица. Ова е дел од пораката на транспарентот кој синоќа беше отворен на скалите на плоштадот Скендербег во Скопје како реакција на случувањата во Косово. Фотографијата од овој настан се шири по социјалните мрежи.

На транспарентот кој го држат десетина лица чии лица се замаглени пишува: „Долга река Ибaр. Крв од планина. Две глави има орелот, а една е во Митровица“.

Други двајца го држат знамето на Албанија, а други уште еден транспарент.

 

Засега нема никаква официјална информација во врска со овој настан кој го пренесоа неколку групи по социјалните мрежи и локални медиуми на албански јазик.

25.09.2023 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега