Пренџов пресече: Диктати не прифаќаме

„Ние кажавме дека диктати не прифаќаме, она што бараме е предвидливост. Нашата цел е како Македонците и сите граѓани што живеат во Македонија да ги внесеме во Европската Унија. Додека пак планот на СДС беше како Бугарите да ги внесе во македонскиот уставот за година дена повеќе на власт”, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов во гостување во „Топ Тема” на ТВ Телма.

Тој продолжи и додаде:

„Она што ќе го работиме е добра економија како на пример сега во првите 100 дена за прв пат после долго време каде имаме 600 милиони евра странски инвестиции. Правење на правна држава со ред и поредок на правен систем. Да бидеме почитуван посакуван партнер на било која европска држава. Ќе продолжиме и со лобирање во Брисел, Рим, Париз, Берлин ако треба и во Софија со цел давање на аргументи за ова што се случува, случувало и она што го нудиме како вин-вин ситуација”, рече Пренџов.

Пренџов истакна дека истиот ден кога ќе станеме членка на ЕУ да влезат тогаш Бугарите во Устав.

„Ако Бугарија сака навистина ние да се движиме напред, ако тие сакаат нивните неколку стотини Бугари да бидат дел од македонскиот Устав, а ние сакаме да сме членка на ЕУ тогаш истиот ден кога ќе станеме членка на ЕУ Бугарите да влезат во македонскиот Устав”, дециден е Пренџов.

01.10.2024 - 20:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега