Природно решение: Напивка која проверено уништува вируси и ги прочистува дишните патишта

 

Чајот од жалфија се користи за зајакнување на организмот и во борба против многу здравствени проблеми. Оваа напивка со децении се користи во народната медицина и една од најмоќните за зачувување на здравјето на организмот.

Листовите на оваа билка содржат разни минерали, како што се магнезиум, калциум и железо, витамини како витамини А и Ц и витамини од групата Б, есенцијални масла, танини и флавони.

За жалфијата често се вели дека е лек за целото тело. Може да се користи за орална но и за надворешна употреба. Од неа се прават облоги, но може да се консумира и како чај или во форма на масло.

Исто така е богата со антиоксиданси кои му помагаат на телото во борбата против токсини. Со самото тоа, благотворно дејствува се спречување на развој на карцином во организмот, ја подобрува мозочната функција и помнењето.

Жалфијата го стимулира централниот нервен систем и дигестивниот тракт. Одлична е за снижување телесна температура. Освен тоа, природен прочистувач е на крвта. Чајот од жалфија максимално го зајакнува имунитетот, па се препорачува во периодот кога вирусите се активни.

Успешно намалува главоболка и напнатост.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2020 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега