Програмски колегиум на МКЦ: Арсовска клевети со неосновани обвинувања
Програмскиот колегиум на МКЦ ја демантира градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Оттаму велат дека таа на денешната прес-конференција изнела неосновани обвинувања.
-Најостро ги ДЕМАНТИРАМЕ изнесувањата на прес конференцијата кои содржат тешки инсинуации, неосновани обвинувања и податоци, како и непоткрепени информации целосно извадени од контекст. Истите тие се предмет на клевета согласно законските прописи и нивна цел е целосно нарушување на интегритетот на институцијата и вработените кои се предмет на овие обвинувања. За таа цел, свикуваме итна прес конференција во ЈУ Младински културен центар во петок, 27.01.2023 во 10 часот на кои ги свикуваме медиумите и заинтересираната јавност, за одговор од страна на МКЦ, велат од Програмскиот колегиум на МКЦ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа