Проверете кои се дежурните поликлиники во Скопје за време на празниците

 

ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје”-Скопје известува дека за време на Новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

На 31.12.2022 година (сабота) во Поликлиника Букурешт ќе бидат дежурни специјалистичките служби од 08 до 16 часот .

На новогодишната ноќ достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.

Исто така со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашно лекување.

Поради претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош ги дава следните:

П Р Е П О Р А К И

– Редовно земање на терапија кај хроничните болни,
– Да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост,
– Умерено користење на алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди,
– Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот,
– Воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

 

30.12.2022 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега