СДСМ: Неспособноста на Мицкоски ги брка странските инвеститори од земјава
Странските инвеститори си одат од земјава, се губат работи места. Ова денеска го велат од СДСМ.
Во прилог соопштенито во целост:
Последните инфорамции говорат дека компанијата „Аптив“, која со години функционираше во индустриската зона Бунарџик и вработуваше околу 500 лица, ја затвора својата фабрика во Бунарџик.
Производствените капацитети се преселуваат во други земји, оставајќи стотици македонски граѓани без работа и егзистенција.
Дополнително, компанијата „Џонсон Мети“, која исто така има долгогодишно присуство во Бунарџик, најавува намалување на бројот на работни позиции.
Ова е јасен показател за лошата бизнис-клима, лошите економски политики, недостатокот на јасна стратегија и катастрофалното менаџирање со државата од страна на Власта.
Наместо Владата да обезбеди услови за стабилност и раст на економијата, таа дозволува вакви удари врз економијата, работниците и нивните семејства.
Податоците на статистика покажуваат загрижувачки тренд – извозот на земјава во периодот јануари-ноември 2024 година е намален за 5,9 проценти во споредба со истиот период во 2023 година.
Ова не е случајност, туку директен резултат на неспособноста на власта на Мицкоски да се справи со економските предизвици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа