СДСМ: Новата Влада предводена посветено ќе работи на остварување на програмските определби во интерес на граѓаните и државата

Мнозинството пратеници во Собранието синоќа гласаше за составот и програмата на новата Влада предводена од СДСМ, велат од СДСМ.

Според партијата, Република Македонија добила мала, ефикасна Влада подготвена да сработи посветено во интерес на граѓаните.

-Владата предводена од СДСМ ќе сработи и испорача ефикасен правен систем во кој грѓаните ќе веруваат, кој ќе дели правда еднаква. Ќе се инвестира во  уште поквалитетно здравство кое ќе продолжи да води целосна грижа за здравјето на сите граѓани и уште поефикасно ќе се бори против коронавирусот. Следува бескомпромисна борба сивата економија во државата, неплаќањето даноци, шверцот и корупцијата, се вели во соопштението од СДСМ.

Според партијата, следува брза и навремена поддршка на најсиромашните, за да продолжи градење на праведно и правично општество.

-Претстои стабилен политички период, Република Северна Македонија е членка на НАТО, има одлука за почеток на преговори со Европската унија, сега, пред нас е период на трансформација и европеизација на државата. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро, заедно со граѓаните испишуваме светли страници на нашата историја, се вели во дописот од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.08.2020 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега