СДСМ: Заев силно се бори за татковината

Владата, институциите, на чело со премиерот Зоран Заев со сите сили се борат за интересите на татковината, додека ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, одмага и навива против интересите на граѓаните и на државата, велат од СДСМ.

Според партијата, граѓаните тоа гледале секој ден. За ВМРО-ДПМНЕ велат дека немале став за ниту едно важно прашање.

-Северна Македонија ги исполни сите критериуми и стандарди за почеток на преговорите и добива силна меѓународна поддршка. На ред е ЕУ да го испорача она што го заслужуваме, а тоа е да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно поскоро. Наместо да се приклучат со поддршка во ВМРО ДПМНЕ се молат и прават сé Република Северна Македонија да не успее. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго, освен обнова на режимот, заштита на криминалот и корупцијата и продавање на лажен патриотизам, затоа шест пати по ред ги поразуваат на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција, велат од СДСМ.

23.05.2021 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега