Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од сите кои вмешале прсти во убиството на сестра ми
"Бараме одговорност од сите кои вмешале прсти во убиството на сестра ми! ПРАВДА ЗА ФРОСИНА!!!" Ова на својот Фејсбук профил го напиша сестрата на Фросина Кулакова, Росица Кулакова, по протестот кој се одржа во саботата во Неготино.
Маршот беше предводен од другарките на 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино која на 29 јануари го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански Одреди од 20 годишниот Васил Јованов кој автомобилот го управувал без возачка дозвола во алкохолизирана состојба и поминал на црвено светло.
Транспаренти, шарени балони и барање за правда за прерано згаснатите животи беше сликата која можеше да се види на протестниот марш во Неготино „Стоп за сообраќајното насилство“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа