Шефот на Кабинетот на Колев, Александра Андреева нарече велешки портал партал - новинарските здруженија бараат да им се извини на новинарите
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) реагираат на непрофесионалниот и навредливиот однос од страна на Александра Андреева, Шеф на кабинет на градоначалникот на општина Велес кон новинарите од онлајн медиумот Батали.нет од Велес.
Конкретно станува збор за веб порталот Батали.нет од Велес и неговите новинари кои неколку денови се изложени на напади и навреди на фејсбук од страна на шефот на кабинет на градоначалникот на Велес, по објавената, односно пренесената вест во врска со случајот со албанска паралелка во велешката Гимназија.
На социјалната мрежа Фејсбук, Андреева во својата објава, порталот Батали.нет го нарекува партал, а новинарите ги обвинува дека се продавале за пари, што предизвика говор на омраза во коментарите под објавата.
ЗНМ и ССНМ бараат од Андреева како јавен службеник и шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Велес јавно да се извини, а од општина Велес јавно да се огради од постапките кон новинарите и медиумските работници на својот вработен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа