Штекли излегува од болница
Раде Трајковски Штекли кој беше застрелан минатиот вторник во трговскиот центар Ист Гејт по една недела помината на Универзитетскиот медицински центар за торакална и васкуларна хирургија денеска ќе биде пуштен на домашно лекување.
Трајковски по извршената операција е во стабилна состојба иако му е отстранет дел од белите дробови, соопштија оттаму. Додека пак лицето кое било со него има повреди во стомакот и градната шуплина.
Ова е втор обид за убиство на Раде Трајковски Штекли во последните шест месеци и тоа двата обида се случија во Ист Гејт каде тој секојдневно одел на вежбање. Тој се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Истрагата за обидот за убиство на полицијата се уште трае.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа