Скандал ја тресе Македонија: Лекари од психијатриска установа малтретирале и врзувале дете со аутизам

 

На социјалните мрежи вирално се споделува потресно сведоштво на една мајка, која ги обвини лекарите дека нејзниото дете со аутизам го малтретирале и врзувале во психијатриска установа.

- После месец дена, мојот син денес го зедовме од психијатриска болница, така ни кажаа викендов. Јас не можам да верувам каде живееме, зарем нашето дете е ѕвер? Да, агресивен стана овие две години и затоа побаравме здравствена помош, но во 21 век да го врзувате ... ? Дали така се заколнавте кога полагавте дека ќе бидете хумани? Ова дете е 17 годишно ... Душата ме боли, се прашувам дали ние како родители погрешивме што побаравме помош?! Зошто нема соодветна институција за нашите деца? Вака не се смирува дете, ова е насилство! Барам одговорност за овие рани од што бил врзуван!, пишува шокираната мајка.

02.10.2023 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега