Скопје меѓу најзагадените градови во светот денеска

 

Скопје е на листата на десетте најзагадени градови во светот, која секојденвно ја објавува „IQair.com“. Главниот град на земјава денеска е на осмата позиција според загаденоста на воздухот. Утрово, според листата, во Скопје се измерени се измерени 170 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички.

На прво место е Дубаи, а потоа следат Лахоре и Делхи. Во првите десет места нема ниту еден град од Европа. Од соседството главниот град на Приштина, Косово е на 13 место.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информираа дека на мерните места во Скопје во Центар и Лисиче, како и во Кичево, Кавадарци и Струмица регистрирано е надминување на вредноста на загадувачки супстанции од 150 микрограми на кубен метар во текот на два последователни денови, поради што стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање.

24.12.2022 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега