Со вештачење ќе се брани кумановката која го прегази дедото во Скопје, прво рочиште по девет месеци од несреќата

 

По девет месеци од сообраќајката на мостот „Гоце Делчев“ каде загина 76-годшниот Слободан Ангеловски, започна судењето за возачот Гордана Филиповиќ која го управуваше возилото „БМВ Х5“. Првото рочиште беше одложено поради отсуство на адвокатот на Филиповиќ, кој денеска морал да оди на друго, поважно судење. Судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, следно рочиште закажа за половина месец.

„Доставен е поднесок со барање за одлагање на рочиштето бидејќи бранителот на обвинетата е ангажиран во предмет од организиран криминал како бранител во кој предмет се обвинети поголем број на лица каде е предвидено изведување на голем број мат и вер докази“, кажа судијката Илиевска Јосифовиќ.

Во изминатите девет месеци, колку што требаше за да Обвинителството поднесе обвинение, судот го оцени, АКМИСОТ да го распредели предметот, а судијката да закажа рочиште – одбраната изработила и сообраќајно техничко вештачење со кое ќе ја докажува невиноста на возачот.

„Има листа за докази на одбраната која се предлага за изведување. Во прилог на листата на докази доставено е материјален доказ сообраќајно техничко вештачење, како и фотографија во боја”, додаде Илиевска Јосифовиќ.

Обвинетата Филиповиќ е мајка на кумановката Јелена која имаше 17 години, а пред три години исто така загина во сообраќајна несреќа. Возачот кој ја прегази доби 7,5 години затвор.

23.01.2023 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега