Сончево со температура до 16 степени

 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во недела и во понеделник претпладне ќе се задржи стабилно време, по котлините со појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет. Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој од вторник попладне ќе го промени правецот во северен.

07.01.2023 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега