СП: Мајка на две деца си го одзема животот со труење, снимила и прошталната порака која барала да биде обелоденета

 

Мајка на две деца од радовишкото село Тополница минатата среда ги заклучила децата во соба и излегла во полското веце во дворот од куќата каде се самоубила со пиење отров, пренесува Слободен печат.

Пред да си го одземе животот, таа снимила видео порака која укажува на психолошка тортура и можни други видови на насилство. „Слободен печат“ објави дел од видео пораката во којашто жената моли да се обелодени се и да не се остава работата туку така.

„Сега ќе ви откријам нешто, кој е причината за ова, кој е причината што ќе посегнам по својот живот, кој ја донесе работата до овој степен. Сега ќе ги кажам (наведува шест машки имиња). А супстанцата со која ќе посегнам по мојот живот ми ја даде (наведува име). Тие секогаш ме вознемируваат, постојано ме вознемируваат. Не можам да излезам од дома, до тоалетот не можам да одам. Тие ме примораа на ова. Има и многу други, ама не знам кои се. Ве молам не ја оставајте оваа работа, обелоденете се“.

Ова е последната проштална видео порака на 24-годишна жена, мајка на две деца од селото Тополница. По снимањето на видео-материјалот, минатата среда таа испила отров и си го одзела животот. Во четвртокот бил извршен закопот, без обдукција.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА.

28.06.2023 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега