Среќни вести: Паркингот во Скопје бесплатен за 1 и 2 мај

 

На Денот на трудот 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам на 2 мај, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје нема да се врши наплата, информираат од претпријатието.

Дополнуваат дека со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи „Беко“ и „26 Јули“ и јавните паркиралишта Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и Клинички центар „Мајка Тереза“. 

28.04.2022 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега