Српската докторка Ракиќ објасни: Кои површини во домот треба постојано да се дезинфицираат за да не се шири коронавирусот
Членовите на домаќинствата кај кои бил потврден коронавирусот, доколку тоа можностите го дозволуваат, треба да се изолираат во една просторија, наведува епидемиологот од Институтот „Батут“, Виолета Ракиќ. Додава дека заеднчките прстории како тоалетите треба да се дезинфицираат после користење на секоја личност заразена со коронавирус.
Виолета Ракиќ гостувајчи во Белградски хроники навела дека кога еден член на домачинството е позитивен, остамнатите мораат во домашен карантин 14 дена. Додава дека доколку тоа условите го дозволуваат, членовите на семејството кај кои е потврден вирусот треба да се стават во посебна просторија.
„Целосно сме свесни дека не живееме во станови кои имаат над 100 или 200 квадрати туку станува збор за семејни домаќинства со едне тоалет. Она што е неопходно е тоа дека сите членови кои се дел од тоа домачинство, а кои се ставени во домашен карантин од 14 дена од појавата на потврдениот случај на нивниот член од семејството, доколку е можно, позитивната личност да ја изолираат во една соба“, објаснил Ракиќ.
Додава дека ситуацијата во Србија е таква да многу семејства имаат еден тоалет и дека во тие случаи треба да се врши дезинфекција на таа просторија со алкохол после секое влегување во неа.
„Тие нормално мораат да користат некои заеднички простории како што се - ходникот, тоалетот, кујната. И она што би била наша претпоставка е тоа дека кога личноста треба да оди во тоалет или кујна, ходник, носи маска и дека сите предмети кои ги допира - славините, кваките, тушот, да се пребришат со 70 процентен алкохол“, објасни Ракиќ.
Се препорачува храна на заразената личност да ѝ се остава пред врата и истакнува дека има добри примери каде членовите на семејствата ги почитувале сите совети и не се заразиле иако живееле со личност кај која бил потврден коронавирусот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа