СЗО: Вакцинирањето против корона не би тебало да биде задолжително

 

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека вакцинацијата против ковид-19 не треба да биде задолжителна, освен во специфични професионални околности.

„Пристигнувањето на вакцината е добра вест“, рече Мајкл Рајан, директор на Службата за итни случаи во СЗО, на прес-конференција, нагласувајќи дека придобивките од вакцината треба подобро да се објаснат, отколку воведувањето задолжителна вакцинација.

„Не мислам дека треба да се воведе задолжителна вакцинација“, рече Кејт О’Брајан, директор на Одделот за имунизација и вакцини на СЗО, истакнувајќи дека „искуството покажало дека кога земјите сакале да воведат задолжителна вакцинација, тоа не постигнувало посакувани ефекти ".

„Мислиме дека не треба да државите да одредат дека вакцинацијата против ковид-19 е задолжителна“, нагласи таа.

Но, може да има „одредени ситуации во земји каде што има професионални околности што бараат или препорачуваат вакцинација“, додаде таа, повикувајќи се на „одредени работни места во болниците“.

Генералниот директор на СЗО ,Тедрос Аданом Гебреизус ги повика земјите кои предвидуваат вакцинирање во наредните недели и месеци првенствено да ги вакцинираат оние на кои им е најпотребна бидејќи првично количината на вакцината ќе биде ограничена.

СЗО препорача прво да се вакцинираат здравствените работници кои се изложени на ризик од инфекција и оние кои се најмногу изложени на тешка болест или напредна возраст.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2020 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега