„ТАВ Македонија“: Летовите не се откажани, но сообраќајот е запрен поради дојави за бомби
„Меѓународниот Аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивнa направa. Информацијата веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот“. Оваа порака штотуку ја испратија од скопскиот аеродром во соопштение до медиумите.
Оттаму велат дека летовите не се откажани, туку сообраќајот бил запрен.
„Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред“, велат од ТАВ Македонија во соопштение до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа