Тешко повредени мотоциклист и малолетник при судир со автомобил


Вчера во 22.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Македонска Каменица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(27) од Македонска Каменица и мотоцикл управуван од Л.Ф.(18) од с.Луковица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и неговиот малолетен сопатник од Македонска Каменица, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Делчево.

 

29.09.2024 - 12:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега