Трагедија во Скопје: Тинејџер почина од струен удар

Ноќеска во 23.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на домашна забава во Радишани, скопско, од струен удар починал Љ.Љ.(19) од Скопје.

Според пријавеното, откако излегол од базенот, Љ.Љ. преку миксетата сакал да пушти музика и во тој момент паднал од краток спој.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Чаир.

23.07.2024 - 16:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега