Уапсени татко и син:Сончогледово масло мешале со боја па го продавале како маслиново
Татко и син, кои живееле во близина на Солун се обвинети од грчките власти дека сончогледово масло мешале со боја па го продавале како маслиново.
Полицијата запленила околу 13 тони сончогледово масло кое било купено во Бугарија.
Дел од фалсификуваните производи се продавале во Бугарија, а остатокот се дистрибуирале во Грција, извести полицијата. Таткото и синот беа привремено ослободени во очекување на понатамошна истрага, бидејќи примероците од масло беа испратени во лабораторија за анализа за да се провери за потенцијална штета предизвикана од додадени бои.
Измамите со маслиново масло како оваа стануваат се почести бидејќи нивните цени се тројно зголемени од 2019 година. Полицијата неодамна приведе 11 лица во Шпанија и Италија и заплени повеќе од 260.000 литри лажно маслиново масло.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа