УЈП потврди: ЈСП им должи 1,5 милиони евра на приватниците

 

УЈП утврди дека Арсовска сепак должи на приватните превозници. Според информации и документи објавени од медиумите, по потекло од УЈП се гледа дека Арсовска должи вкупно 1.5 милиони евра на приватните превозници, онолку колку што истите и бараат, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на Христијан Мицкоски истакнуваат дека „документите од УЈП потврдуваат заради кого Скопје беше блокирано со денови“.

-Директорот на ЈСП е кадар на СДСМ, и тој е директно одговорен за долгот кон приватните превозници. Александар Стојковски, директор на ЈСП е кадар на СДСМ назначен од Арсовска, тој е плод на коалицијата Тачела, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ вчера информираа дека завршил инспекциискиот надзор на Управата за јавни приходи и единствено што откриле е дека ЈСП навистина им должи над милион евра.

-Како директор на Слобода Превоз ве известувам дека денеска го добивме записникот од инспекторите од УЈП кои вршеа контрола во Слобода Превоз и според кој не се констатирани никакви неправилности и констатации кои водат кон промена на основата за оданочување. Она што е многу важно, а е содржано во записникот, е тоа што врз основа на контролата на сметководствената евиденција констатиран е вистинскиот долг на ЈСП кон Слобода Превоз кој заклучно со 28.11.2022 г. изнесува 61.821.504 денари , односно онолку колку што јас како директор на Слобода Превоз цело време го кажувам во јавноста. Маските паднаа, лагите се демантирани, а оние меѓу нас кои се сомневаа и ме озборуваа нека се срамат, јас им простувам, другото го оставам на Господ (тој нека суди), објави претставникот на „Слобода превоз“, Кемал Муриќ.

23.12.2022 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега