Вечери на шведски играни филмови во Кинотека
Амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Северна Македонија за почетокот на месец јули подготвија интересна програма на шведски играни филмови.
На репертоарот ќе бидат „Триаголник на среќата“ од Роберт Ослунд, на 6 јули, „Хилма“ на Ласе Халстром, на 7 јули, „Совршен пациент“ на Микаел Хофстром на 8 јули, „Мојот живот како комичар“ на Ројда Секерсож на 10 јули, потоа „438 дена“ на Јеспер Гансланд, на 11 јули и „Клара Сола“ на Натали Алварез Месенна 12 јули. Проекциите почнуваат од 20 часот.
Почнувајќи со еден неинхибиран сатиричен приказ на социјалните сталежи и мрачната економска вредност на убавината, преку потрагата по универзалните вистини, но и оние за самите себеси, до соочувања со суровите реалности на светот, и разобличување на скандалите во политиката и правосудството, секој од филмовите на репертоарот на неделата на шведски играни филмови ве носи на едно поинакво кинематографско патешествие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа