ВИДЕО: Актерот од „Беверли Хилс“ претепан на улица

Актерот Иан Зиринг, најпознат по улогата на Стив во култната серија „Беверли Хилс 90210“, беше нападнат и удрен во Холивуд на новогодишната ноќ.

Според TMZ, полицијата била повикана на раскрсницата на булеварот Холивуд и авенијата Хајленд околу 15 часот по пријава за тепачка.

Не е јасно што ја предизвикало пресметката меѓу Зиринг и мотоциклистите, но на видеото кое е објавено се гледа како Зиринг турка еден од нив, кој е пред автомобилот на актерот, пред да започне општа тепачка.

Зиринг (59) потоа е нападнат од неколку мотоциклисти, кои трчаат низ булеварот Холивуд додека го бркаат него.

Кога преминале на другата страна, Зиринг почнал да се брани, додека тие го удирале, а актерот во еден момент успеал да побегне.

 

03.01.2024 - 23:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега